Скратете ја косата, здолништето и сопствените маки, секогаш кога ќе почувствувате потреба
„Леле ти ја скрати косата“, ми рече комшиката повеќе како заклучок отколку прашање. „Да!“ реков среќно, преправајќи се дека не го забележувам прекорот во нејзиниот глас. Таа не се откажа: „СЕПАК, премногу е кратка!“ Во однос на што, се прашував јас додека одев. Во однос на нејзината идеална должина на женска коса. И секогаш е така.
Така е со сите работи и појави. Проценките: прекратки и предолги, премали и преголеми, прениски и превисоки.., најчесто не се одраз на објективната реалност, туку субјективно искуство на друго суштество.
Сè што не може да се вклопи во премногу тесни рамки е премногу широко. И не вреди да се трудиш. Чевелот нема да боли ако насилно се обидеме да го облечеме, а и да успееме ќе добиеме болни плускавци.
Затоа, скратете ја косата, здолништето и сопствените маки, секогаш кога ќе почувствувате потреба. Никој не му угодил на светот, освен оние кои се задоволувале себеси, па така растеретени, го растеретиле светот за едно лично незадоволство.