Некатегоризирано

Симптоми на намален сексуален нагон? Жени, зајакнете го либидото природно

Доколку ве интересира кои се најдобрите растенија за женска потенција, вие сте на вистинското место. Симптомите на намален сексуален нагон може да бидат различни, а 9 од 10 жени кои имаат намалено либидо најчесто се борат со хормонална нерамнотежа. Ако тоа е случај со вас, најдобар начин да го зголемите либидото е со помош на природата, а некои растенија се навистина многу ефикасни. Сепак, пред да ги користите, секако многу е важно да се консултирате со експерт.

Најдобри растенија за женска потенција

Ашваганда – Таа е една од најважните билки во ајурведската медицина. Се користи со векови, а докажано е дека го намалува нивото на хормонот на стрес кортизол, кој влијае на работата на ендокрините жлезди, што дополнително предизвикува таложење на масни наслаги и предвремено стареење. Ашвагандата ја стимулира циркулацијата во женските репродуктивни органи и ја подобрува чувствителноста. Освен што ја враќа желбата за секс, ја намалува депресијата, анксиозноста и топлите бранови кај жените во менопауза.

Мака – Ова коренско растение е познато и како „перуански женшен“, а народите на Андите со илјадници години го користат за борба против сексуалната дисфункција кај жените, но и за намалување на симптомите на менопауза. Поради состојките во ова растение, тоа е вистински афродизијак, а жените кои го користат чувствуваат поголем сексуален нагон. Совет е првично да користите помала доза, околу една рамна лажичка од ова растение во смутито.

Овес – Научните истражувања покажаа дека овесот влијае и на либидото, а во исто време ги намалува менструалните грчеви, ја подобрува циркулацијата и го стимулира централниот нервен систем. Овесот исто така ослободува „врзан тестостерон“, неопходен хормон за сексуална желба и кај мажите и кај жените.

 

 

Поврзани статии

Back to top button