Силно грчи вашиот партнер? Или можеби вие?
Силното грчење не е само извор на непријатни звуци, тоа е често знак на апнеја при спиење, пореметувања кои може да го скратат животот.
Некои од знаците дека имате ноќна апнеја: кога партнерот вели дека во текот на спиењето престанувате да дишите, или во текот на ноќта звучите како да се борите за воздух или, и покрај добар сон од седум до осум часа, по будењето се уште не се чувствувате одморени.
Се вели дека луѓето со прекумерна тежина често страдаат од ноќна апнеја, но не секогаш е тоа причината.
Апнеја при спиење може да биде опасна по живот.
Дебели луѓе можат да го подобрат спиењето со губење на тежината, вежбање и избегнување на консумирање алкохол.
Исто така спиењето на страна е најлесниот начин да се намали грчењето.
Посоветувајте се со вашиот лекар и започнете со практикување на советите кои тој ќе ви ги каже!