Од насУбави муабети

Силните живеат и умираат сами!

Волците умираат сами – тоа е точно, силните и храбри луѓе живеат и умираат сами. Иако по некое непишано правило околу нив има многу луѓе, пријатели, комшии, роднини, колеги…

Силните луѓе не се жалат, не кукаат, само воздивнуваат силно, ставаат рака на срце и продолжуваат понатаму. Живеат за да помагаат и да го променат светот, да го направат подобро место за живеење.

Само на едно нешто не се сеќаваат. Не паметат кога последен пат некој ги прашал како се и што чувствуваат. Оти тие силни се па можат се да издржат, со се да се справат…

Вообичаено со нив се разговара кога на другите им се потребни совети, финансии и помош. Тие умеат и да пофалат и да помогнат. Никогаш не сожалуваат и не критикуваат напразно.

Сите се навикнати, дека тие секогаш може сами да си помогнат и да се грижат за себе. Тие е толку силни! Тие преживеале толку многу, се надминале, спасиле сè – и ниту поплака ниту солзи!

Никој не се прашува како се чувствуваат оние кои се силни, како им е кога сами како волци ќе замижат размислувајќи за своите проблеми.

Факт е дека оние за кои сите мислеле дека се силни и се можат да издржат си заминуваат порано од овој свет. Оти болката во себе ја чувале, а и на другиот свет со себе ја однеле.

И не се они никакви волци, иако звучи романтично. За таквите посебни и силни луѓе треба некој да се грижи.

За слабите има кој да се грижи, за јаките никој!

Поврзани статии

Back to top button