Овој викенд кафето испијте го на чист воздух!
Брзиот и динамичниот живот во денешницата е речиси неизбежен од секојдневието. Работата и тоа како знае да не исцрпи физички, а во денешницата се повеќе и психички. Додека Вие сте на работа, и не смеете да излезете од работниот простор поради обврските кои Ви се трупаат, останатите кои и немаат баш таква исцрпувачка работа го користат стууденото време за да испијат по некое кафе во кафулињата низ градот, да јадат некоја вкусно приготвена храна во некој од рестораните. Викендите слободни се користат за дружба со пријателите, повторно низ истите кафулиња и ресторани, прошетки низ парковите што со тек на време стануваат и монотони.
Па, доколку викендот Ви е слободен испланирајте нешто несекојдневно, избегајте од гужвите низ градот, отидете на некое тивко место во природа, дозволете им на телото и мозокот да се одморат од истите луѓе, и истите навики. Па, ако се одлучите за такво нешто како предлог викенд дестинација, екипата на ubavo.mk ви ги предлага “Езеро Градче” – Кочани и Пониква. Езерото Градче е лоцирано на 6 километри северно од Кочани, на падините на Осоговските планини, кои овозможуваат кратка прошетка и обиколка на езерото со педалинка. Доколку сте љубители на риболов, езерото е вистински предизвик да уловите некоја пастрмка, а доколку сакате само да уживате во нејзиниот вкус, хотел – ресторанот Градче ви ја нуди “на тацна”, и секако ви нуди вистинско уживање во погледот на езерото.Нешто погоре, на 20 километри од Кочани се наоѓа и локалитетот Пониква. Во срцето на Осоговието, на 1.580 надморска висина, со извонредната букова густа шума која го нуди најчистиот и свеж воздух и најпрекрасниот поглед на природата. Место кое ќе ве натера да заборавите на секојдневните обврски. Дестинација каде потполно ќе уживате и размислувате да останете подолго од само викенд, каде за момент ќе посакате да живеете тука, далеку од градскиот метеж.
Место кое е одличен избор и за лето и за зима. Во зимскиот период ви нуди одлична можност доколку сте љубители на скијањето, на некој од ски терените. Во летниот период пак, можете да ја избегнете горештината, да уживате во природата, да се рекреирате на спортските терени, а доколку сте љубители на ловот, имате и одлична можност за тоа. Кога станува збор за храна, Пониква ви нуди и неколку ресторани каде може да уживате во специјалитетите на куќата. Накратко Ве упативме на места кои вреди да се посетат. Се уште не знаете што ќе правите викендов?! Појдете, нема да зажалите.