Убави книги и филмови

Се мислите која книга да ја прочитате?

И денес ви нудиме предлог од три интересни книги кои со сигурност ќе ги прочитате во еден здив. 

Се, баш се (Никола Јун) Ова е приказна што доловува што се случува кога ќе излеземе од нашето меурче за да направиме луди и нездраво ризични работи за љубов. Можеби не можеме да ја предвидиме иднината, но можеме да предвидиме некои работи. Најголемиот ризик е никогаш да не ризикуваш ништо.

Тајна задача: ЉУБОВ (Џули Џејмс) Во оваа книга станува збор за двајца тајни агенти кои ќе беа совршени партенери ако не се мразеа толку многу. Таа е желна да се докаже како ФБИ агент-жена, тој е арогантен и мисли дека е најдобар. Нивната тајна задача станува комплицирана…

На улица Шкотска (Саманта Јанг) Шенон Меклауд бега од своето минато и нема доверба во никого. Таа отсекогаш била позната по бирањето погрешни мажи, по влегувањето од една токсична врска во друга, но последниот бивши ја освестил на најлошиот можен начин. Па, со тотално уништен живот, си се заколнува дека ќе се држи на растојание од мажите, а особено од оние лошите момци.

Поврзани статии

Back to top button