ЖивотУбави совети
Секоја ќерка, од нејзината мајка, ги наследува овие три работи…
Веќе сите добро знаеме дека секоја жена, порано или подоцна, станува иста како и нејзината мајка. И науката докажа дека женските деца од нивната мајка наследуваат одредени карактеристики и навики.
Секоја ќерка, од нејзината мајка, ги наследува овие три работи:
- Интелигенција – Современите истражувања покажаа дека поголеми се шансите дека ќе ја наследите интелегенцијата од мајката. Дури двојно поголема е шансата интелегенцијата да се наследи од мајката отколку од таткото. Со јасен ум, женските деца преку своето образование, ги стекнуваат истите ставови и размислување, како и нивните мајки, и со текот на времето почнуваат да личат на нив.
- Навики – Иако наследуваме многу навики од нашата мајка, тоа нема никаква врска со гените. Станува збор за воспитување и копирање на однесувањето на мајката несвесно. Како девојче, ја гледаме мајка си, како поминува преку различни животни ситуации и фази, и како таа се однесува е во такви ситуации. Поголемиот дел од навиките и практиките на мајката ги наследуваме, и со текот на времето, ќе почнеме да се забележуваме самите себеси, дека таа на нас ни ги има предадено свесно или несвесно своите навики.
- Млад дух – Научниците велат дека начинот на кој старееме е контролиран од генот што го добивме од нашите мајки. Доколку нашата мајка е со млад дух, огромна е веројатноста да прераснеме и ние во таква жена.