Од насУбави муабети

Секоја есен ќе боли се помалку и помалку…

Есен, некогаш за мене беше омилено годишно време. Уживав во прошетките дождливи, си го хранев погледот од листовите паднати, мирисот на дожд ми предивикуваше пеперутки во абдоменалната празнина…

Есен беше кога те запознав, точно се сеќавам на секоја минутка, на секој збор, на секоја емоција и буквално на секоја воздишка. Уште на тебе ми мириса ова годишно време, уште на тебе ме потсетува. Есента не спои, но есента и не раздели. Цела година убавини, цели месеци среќа, по цели денов прегратки. Ме боли, секое косче ме врти, срцево ми се распарчи, млад си замина, сама ме остави. Години поминаа, пораснав, но се уште не разбрав зошто мораше Бог да ми те зема. Зошто таа насмевка бисерна мораше да згасне. Поминуваат години, морам да ти признаам дека сеќавањата ќе останат вечни иако болката се намалува. Мислев нема да преживеам без тебе, но човека сила во такви моменти кој знае од каде наоѓа, и издржува, го боли, го дроби на парчиња, но издржува.

Те сонувам често, на сон повторно исто ме прегрнуваш, топло и нежно. Ме караш, ме советуваш и ме критикуваш. Знаеш дека те слушав, те слушам и секогаш ќе те слушам, оти знам, ти од горе ме чуваш. Секаде си со мене, секогаш ќе си во мене. Моево срце за тебе има дел доживотно резервирано.

Поврзани статии

Back to top button