Од насУбави муабети

Само оние кои доживеале на своја кожа ќе умеат да ме разберат!

Прекрасно е чувството да се биде во долга врска. Можеби не сакате тоа да го признаете пред другите, но признајте си го себе си. Сите долу наведени работи ќе ве уверат дека тоа чувство е вистински прекрасно!

Останувањето дома не е само избор, тоа е спорт во кој вие и вашиот партнер сте усовршени до максимум.

Случајно понекогаш се случува да се облечете исто со вашиот партнер.

Гушкањето пред спиење е супер убава работа, но понекогаш да се стуткате сами во вашиот дел од креветот е уште поубава работа.

Одамна го поминавте првиот испит во врската: бевте сами на патување.

Прослави на годишнини, дури и со една нарачана пица се секогаш интересни.

Колку пати сте ја слушнале реченицата “И кога свадба”?

Љубов значи дека правите чудни работи еден за друг. За тие не сакате да разговарате со пријателите.

Кога им кажувате на другите колку долго сте со партнерот секогаш е истата реплика “Стварнооо?”

Во неволја секогаш имате грб, имате на кого да се потпрете и да кој да ве утеши.

Секој среќен момент имате со кого да го споделите и искрено да се израдувате.

Секоја тага и болка ја делите на пола, пола за вас пола за партнерот, и веднаш е полесно.

Заборавивте какво беше тоа чувство на срам и страв.

Знаете дека заедно можете да го освоиоте светот.

Имате сродна душа која е вашата совршена половина и секогаш се чувствувате исполнето и задоволно.

Расправиите се решаваат само со разговор и никако поинаку.

Давате без да барате нешто за возврат, а секогаш добивате дупло од тоа што се дале.

Свесни сте дека денот на вљубените е тотално без врска, вам секој ден ви е за љубов.

Понекогаш, често не треба да му кажете што мислите на партнерот, тој и онака се знае за вас.

Немате потреба да се правдате и докажувате, тие работи се минато за вас.

Живеете еден со друг, и еден за друг.

Со поглед се разбирате.

Имате некои ваши фори кои никој друг не може да ги разбере.

Еден пред друг можете да бидете се, најлуди, најздодевни, најпозитивни и најнегативни.

Стварно не можете да замислите како е да се поминува време без вашиот мал чудак.

 

Поврзани статии

Back to top button