ЖивотУбави совети

Само мажот кој вистински ве сака ќе ги прави овие работи за вас!

Постојат одередни работи кои само мажот кој искрено ве сака ќе ги прави во животот само за вас. Еве кои се тие работи…

Мажот ја слуша само жената која ја сака.

И тоа значи вистински да ве слуша. Со внимание да го слуша секој ваш збор, и се труди да помогне, олесни или да ве развесели. Мажот кој ве сака ќе ги слуша и вашите совети и ќе ги применува. Често мажите кои не се заинтересирани за својата понежна половина се отсутни кога таа нешто зборува или раскажува.

Мажот ќе го промени своето мислење само за жената која ја сака. 

И сами знаете дека мажите понекогаш знаат да бидат многу тврдоглави. Во многу врски мажите не ги сфаќаат жените за сериозно. Причина? Не ја ценат и сакаат доволно жената со која се во врска. Мажот кој ве сака ќе се обидува да дојде до компромис и да го реши сеој проблем, ќе го промени своето мислење за одредена работа ако види дека ве сте во право. Без срам ќе признае дека грешел.

Мажот се бори само за жената која ја сака.

Ниту еден маж (а ниту жена) не се бори за нешто што е пролазно, за нешто што е со краток рок. Ако гледате дека тој се бори за вас, за вашата врска и за вашата иднина тогаш тој навистина ве сака. Оној кој ве сака постојано, постојано ќе се бори да ве задржи покрај себе.

Мажот ќе направи СЕ само за жената која ја сака. 

Само човек кој ја почувствувал правата љубов знае колку е вредна, колку е тешко да се “најде” и да се дојде до неа. Не постои работа која што мажот не може да ја направи кога ја има саканата жена до себе. Оној кој навистина ве сака во секој ваш важен момен во животот ќе стои гордо до вас, ќе ви биде утеха и потпора секогаш и секаде.

Поврзани статии

Back to top button