Од васУбави муабети

Само затоа што те сакам, јас прво ќе се грижам за себе!

Само затоа што те сакам, јас прво ќе се грижам за себе. Затоа што ако не ми е гајле за себе, не можам да ти дадам ништо.

Само затоа што те сакам, го отворам твоето срце, дури и кога е најтемниот мрак во него.

Само затоа што те сакам, јас постојано не се согласувам и се расправам со тебе. Не сакам неочекувани проблеми да станат ѕид меѓу нас.

Само затоа што те сакам, јас не го префрлам товарот на тебе за одговорност за мојата среќа.

Само затоа што те сакам, јас често се лутам на тебе затоа што ми пријде и си ми близок како никој друг и само ти можеш да ми зададеш болка.

Само затоа што те сакам, смислувам правилата по кои ќе живееме, бидејќи сме две различни суштества.

Само затоа што те сакам, трпеливо и внимателно ги третирам твоите “болни точки”, не се обидувам да ги победам.

Само затоа што те сакам, јас често велам “не” за да го направам моето “да” покомплетно и чесно.

Само затоа што те сакам, ќе престанам кога сфаќам дека веќе имаш доволно од мене.

Само затоа што те сакам, се прашувам цело време, што сакам и што ме интересира.

Само затоа што те сакам, јас не ти ветувам дека ќе биде засекогаш. Но, сега можам да те сакам со сета мојата душа и сила.

Само затоа што те сакам, јас сум подготвен да го минам целиот живот без тебе, ако тоа е подобро за тебе.

Само затоа што те сакам, ти ги давам сите авантури што сакаш да ги доживееш во твојот живот.

Само затоа што те сакам, јас сум подготвен да те пуштам во секое време, бидејќи јас секогаш ќе се радувам на секоја секунда помината заедно.

Поврзани статии

Back to top button