ЖивотУбави совети

Само една намирница е потребна за меки стапала!

Во борбата против испуканите и рапави стапала одлилчен сојузник е една намирница која ја имате дома, а тоа е лимонот. Всушност, ова овошје е единственото нешто кое ви е потребно за негувани стапала!

Земете еден поголем лимон, кој нема да биде многу мек и пресечете го на половина. Исцедете ја течноста. Ставете ги половинките на петиците и облечете чорапи кои ќе го прицврстат лимонот на вашата пета. Држете ги половинките лимон околу половина час. Седете мирно триесет минути и не движете се. Киселината од лимонот ќе ги омекне вашите стапала. По половина час извадете ги чорапите и лимоните и завршете го третманот така што ќе намачкате хидратантно масло како на пример, кокосово или бадемово.

Ви ветуваме дека ќе се воодушевите од резултатот!

 

Поврзани статии

Back to top button