ЖивотУбави совети

Салата со макарони е супер брз ручек!

Нека ручекот секогаш ви биде разноличен и богат со зеленчуци и здрави продукти. Сите уживаме во тестенините, но, најдобро е кога ги конзумираме збогатени со месо или зеленчук. Во продолжение рецепт за брза посна салата со макарони.

Состојки

200гр пченка
400гр макарони (од интегрален ориз, од темно брашно, интегрални)
200гр боранија
Кисели краставички
2 лажици вегански мајонез
Органска мешавина од зачини
Хималајска сол

Во сад за готвење на оган ставете 3л вода да зоврие. Штом водата ќе зоврие, се додаваат макароните и се варат околу десетина минути со повремено мешање. Пред крај се додаваат пченката и исечканата боранија. Се процедуваат и се ставаат во пластичен сад. Се додава веганскиот мајонез со ситно исечканите кисели краставички. Се зачинува по вкус. Наздравје!

Поврзани статии

Back to top button