Ручек за 20 минути готов!
Ручекот преку неделата сите сакаме да биде вкусен и брз. Подгответе омлет во рерна.
Потребни состојки: 8 јајца, 100гр гриз, 300мл кисела вода, 200гр шунка, 2 црвени пиперки, 1 зелена пиперка, 2 лажици маслиново масло, 2 шери домати, магдонос, сол, црн пипер и зачин по вкус.
Подготовка: Во подлабок сад изматете ги пенасто јајцата, додадете го гризот и киселата вода, па мешајте се додека не се соедини смесата. Додадете сол, црн пипер и зачин по вкус. Исечкајте ги шунката, црвената и зелената пиперка, на коцкички, додајте маслиново масло, па соединете ги со изматените јајца. Во подмачкана тава излијте ја смесата, исечкајте шери домати, наросете магдонос и печете во загреана рерна околу 15 минути. Готовото јадење исечете го на коцки и послужете.