ЖивотУбави совети
Ролат со крем банани и какао
Влезете во кујната, изненадете ги домашните и направете го највкусниот и најосвежителниот ролат кој истовремено е и брз и лесен за подготовка.
Состојки:
3,5дцл вода
150гр маргарин
50гр чоколадо
4 лажици какао
100гр суво овошје
100гр желе бонбони
450гр бисквити
5 крем банани
Кокос
Во длабок сад искршете ги бисквитите на ситни парчиња, исецкајте ги желе бонбоните и додадете го сувото обошје. На оган ставете ги чоколадото и маграринот да се стопат па додадете ја водата. Потоа, какаото додадете го па тргнете од оган и полека додавајте ја смесата од првиот сад. Се тоа добро измешајте го да се соедини. На фолија размачкајте ја смесата, на средина наредете ги крем бананите и свиткајте ролат. Оладете го во фрижидер пред служење. Наздравје!