ЖивотУбави совети

Ролат од месо и јајца, неверојатно вкусен!

Вкусно и многу декоративно јадење. Вкусен и брз рецепт за сите свечености.

Состојки:
Мелено свинско месо 700 гр
Парче леб 1 (подебело)
Јајца 5
Млеко 1,5 дл
Кромид 1 главица
Лук 1 чешле
Сенф 1 лажица
Бибер по вкус
Суви зачини по вкус

Лебот прелијте го со млекото, изгмечете го и измешајте го. Сварете 4 јајца. Во лебот додадете ги ситно исецканиот кромид, луко, месото и сенфот и добро измесете ја смесата да се соедини. Поставете половина од смесата на алуминиумска фолија, наредете ги варените јајцата и додадете го остатокот од смесата. Направете ролна и свиткајте ја, а потоа затворете ја фолијата од сите страни и ставете ја на 200 степени и печете 30 минути.
По 30 минути, одмотајте ја фолијата и оставете го да се пече 10 минути. Ролатот оладете го. Потоа се сече и служи со салата по желба или ако сакате и со компири.

Поврзани статии

Back to top button