Ролат без печење и брашно!
Одвојте време и пригответе ги овие вкусни ролнички за вас и вашите најмили. Декоративни се се прослави и вкусни и достојни за чести подготовки.Состојки: 200гр гауда исечкан на тенки листови, 300гр крем сирење, 150гр горгонзола (или друго сирење со мувла), 50гр бадеми исечкани на листови, 40гр зелени маслинки без семка, 6гр желатин во прав, 2 лажици млеко, оригано, сол и црн пипер.
Потопете го желатинот во сад со млака вода по рецептот на пакувањето. Маслинките крупно исечкајте ги. Со виљушка изгмечете ја горгонзолата и измешајте ја со крем-сирењето. Потоа во смесата додајте ги маслинките, бадемите, малку оригано и сол и многу свежо мелен црн пипер. Желатинот ставете го во млекото и потоа додајте ги сирењата. Наредете ги листовите кашкавал на хартија за печење, делумно да се преклопуваа и да добиете правоаголник со приближни димензии 25×20см. Намачкајте со кремот од сирењата, па свиткајте во ролатпочнувајќи од подолгата страна со помош на хартијата. Ставете го во фрижидер да отстои неколку часа, па послужете го исечкан на резанки. Ако сакате послужете ги роилничките со салата, печени листови бадеми и толчена пиперка.