ЖивотУбави совети

Решете проблем – додека спиете, возможно е!

Сакате да станете успешни преку ноќ? Советите на светски познати експерти го ветуваат токму тоа – лековити, терапевтски соништа.

Сите ние понекогаш посакуваме денот да трае уште неколку часа, со цел успешно да ги завршиме сите дневни обврски. Добрата вест е дека вие всушност можете да го направите времето за спиење попродуктивно, па будни полесно да се справите со сите ваши обврски и предизвици.

За да имате лековит, терапевтски сон, треба да му дадете насока на сонувањето. А тоа ќе го постигнете со помош на некои мали акции. Спремете ја потсвеста за полесно решавање на проблемите а со тоа ќе ја стимулирате функционалноста на мозокот за подобра продуктивност.

Во студија на Харвард за насочени соништа, 70% од учесниците изјавиле дека соновите кои се поврзани со тековните проблеми им биле од голема помош. Зошто да не ви се и вам?

ДЕПРЕСИВНИ СТЕ?

Вдишете мирис на рози

Вдишувањето пријатни мириси, како што е оној на розата, резултира со три пати посреќни соништа, велат научниците. Објаснување?

Центрите на мозокот се наоѓаат во лимбичкиот систем, кој исто така ги контролира емоциите. За да имате убави и среќни соништа, ставете вазна со рози до креветот.

Додека спиете, вашиот мозок ќе има позитивни и пријатни чувства кои ќе доведат до слатки соништа, а приливот на серотонин ќе ви помогне да станете посреќни и ќе ви овозможат полесно и подобро да ги надминете сите предизвици следниот ден.

НЕРВОЗНИ СТЕ?

Замислете успех

Пред да заспиете, замислете важен настан што се одвива само на начинот на кој вие сакате да се одвива, од почеток до крај, така што ќе почувствувате олеснување и спокојство што се завршило на најдобар можен начин. Со овој процес, мозокот е насочен да го повтори истото сценарио во соништата.

Преку потсвесно повикување на успехот ќе испратите порака на мозокот дека веќе сте ја постигнале целта, што ќе ве направи многу помалку нервозни кога станува збор за разговор или средба која ве вознемирува.

Поврзани статии

Back to top button