ЖивотУбави совети

Рецепт на денот од Грција: Салата Цацики која одлично оди со секое јадење

Што е цацики? Ова е сос на база на јогурт со лук и свежа краставица.

Добро оди со леб, зеленчук, месо и риба. Генерално, тоа е совршено ладно мезе за летната трпеза кое многу лесно се подготвува.

Иако има една тајна, факт е дека во ова традиционално грчко јадење секогаш се користи само многу густ јогурт, исцеден низ парче газа. Некои луѓе во рецептот додаваат сок од лимон, копар и маслиново масло, но Грците сето тоа го сметаат за излишно и обично додаваат само оцет. Целото лето е пред нас, а можете да експериментирате со различни варијации. И не заборавајте дека јогуртот треба да биде природен, кисел, без вкусови. А остатокот погледнете го подолу – во нашиот автентичен грчки рецепт.

Грчки сос од цацики – рецепт за две лица

Состојки:
250 гр грчки кремаст јогурт
1/2 голема зелена краставица или 1 средна
1 чешне лук
Сол и бибер по вкус
1 лажичка оцет
Маслинки за декорација

Начин на подготовка:
Исцедете го јогуртот.
Краставицата изрендајте ја и исцедете ја да се отстрани сета вишок вода (ставете ја на хартиена крпа).
Измешајте јогурт, краставица, оцет, додадете рендана главица лук, сол и бибер.
Додадете копар по вкус.

Пред сервирање, можете да декорирате со капки маслиново масло и листови од нане, парчиња краставица или маслинки, попрскани со пиперка или копар.

Поврзани статии

Back to top button