Рецепт за убав ден на Христина Златановска
Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува мејкап артистката Христина Златановска.
Во време на секакви модни трендови, кои се менуваат преку ноќ, многу е тешко да се следи темпото да си секогаш “ин”. Не само што е тешко, туку е скоро невозожно и неприродно. Секогаш ќе евоулираат изгледот, имиџот, стилот, модата и не секоја од нас може да се пронајде. Ако некогаш беа во мода витките тела и пропорции 90-60-90, денес се на ист начин и облините, што само ни наговестува дека ништо не е трајно и убавината е во очите на посматрачот. Затоа најважно од се е негата кон себеси. Јас, како мејкап артист кој секојдневно среќава и работи на секакви убави лица, крупни, ситни, лица со благодарна кожа, како и чувствителна и проблематична, можам слободно да кажам дека секоја од нас е различна, со свои недостатоци и предности, кои во светот на шминката и декоративната козметика се целосно занемарливи. Со користење на правилна техника, бои, квалитетна козметика, може да истакнеме се што е предност, а да сокриеме се што е “маана”. Најважна е негата на кожата, како на лицето, така и на цело тело. Најважна е љубовта која си ја пружаме самите на себе, времето и вниманието што си го посветуваме за да се чувствуваме убаво. Само тогаш сме убави и само таа убавина е важна. Секоја останата е минлива и релативна. Дами мои, сакајте се и чувајте се себеси, убави сте секако.