Рецепт за убав ден на Тања Ѓореска
Позади Инстаграм профилот tanjas.kitchen е една креативна млада дама која секојдневно изненадува со своите супер интересни и вкусни рецепти – Тања Ѓореска денеска го споделува свoјот рецепт за убав ден со читателите на www.ubavo.mk
За мене рецепт за убав ден претставува ден поминат со најсаканите во убава атмосвера, ден поминат во планина на чист воздух или ден исполнет со испробување на нови рецепти. Во продолжение два рецепти кои се изработени со киви, овошје кое е многу вкусно и е достапно во изобилие овој период.
*Milkshake со киви
Потребни состојки за една чаша
3 киви (2 ½ за milkshake , ½ за декорација)
100мл Млеко
50мл вода
1 лажичка маџун или мед
Неколку коцки мраз
Ги чистиме и ги сечкаме кивите, ги ставаме во блендер заедно со млекото, водата и засладувачот.
Ги блендираме до добивање на убава хомогена смеса, смесата ја ставаме во чаша ги додаваме коцките мраз и декорираме со останатата половина кива исечкана на кругови.
Добивате здрав напиток за започнување на вашиот ден.
*Мини cheesecake со парчиња киви
Потребни состојки за 6 калапчиња
200гр плазма
100 мл млеко (доколку има потреба и повеќе)
2 малечки лажички кокосово масло
150мл Шлаг крема
50 гр растопено чоколадо со малку кокосово масло
2 киви за декорација
Ја ставаме плазмата во длабок сад, ги додаваме млекото и кокосовото масло и замесуваме смеса со која може да ги обложиме калапчињата. Откако ќе ги обложиме ги ставаме во фрижидер додека да го спремиме филот.
Во сад на страна ја ставаме шлаг кремата заедно со растпеното чоколадо и матиме додека не добиеме убава хомогена смеса. Ги вадиме калапчињата од фрижидер и ги полниме со смесата од
шлаг крема и чоколадо (која ја ставаме во готварски шприц со убава шара за да добиеме изглед како на сликата). Откако ќе ги пополниме калапчињата ја сечкаме кивата и декорираме по желба
или како на сликата. Добиваме не многу засладен десерт, одличен за сечиј вкус.