Рецепт за убав ден на Тамара Стојковска
Денеска со вас својот рецепт за убав ден го споделува пејачката Тамара Стојковска.
Утрото ми започнува со кафе и појадок, и тоа секогаш трае доволно за да можам да уживам. Најчесто за тоа време слушам музика или гледам серија. Потоа сум спремна за обврските кои следуваат, и обожавам кога денот ми е исполнет со работа. Со оглед на тоа што сум музичар секогаш работам на нови проекти и настани, па самото тоа што бегам од монотонијата, ме прави љубопитна и среќна. Се радувам на разговор со пријателите и семејството, добра храна, зајдисонце, кога ќе се “заразам” со нова песна и уште куп мали нешта кои за миг ги бришат останатите не толку убави работи кои се дел од секојдневието на сите. Денот ми завршува со топол чај и разговор со најблиските. Добра музика секој ден може да го направи убав!