Рецепт за убав денУбави луѓе
Рецепт за убав ден на Стефан Лазаров
Младиот, шармантен и позитивен Стефан кој го гледате на малите екрани денеска со вас го споделува својот рецепт за убав ден!
Рецепт за убав ден за мене е дефинитивно сонце. Утрински тренинг, појадок и топол сончев ден. Па има ли нешто подобро? Секако сакам позитива, насмеани луѓе, пролет, расцветани дрвја, едноставно се што асоцира на убав топол сончев пролетен ден ме прави среќен. Откако ќе ги завршам тековните обврски сакам да се опуштам се моите блиски. Денот ми го прават убав ситниците.