Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Наташа Јанкулоска Торевска

Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува водителката која ве дружи секое утро на најслушаното радио Скај,  Наташа Јанкулоска Торевска. 

Сѐ е до нашата перцепција… Ако гледаме од светлата стана на нештата, тогаш и денот ќе ни биде позитивен. Да бидеме хумани и да му се радуваме на новиот ден. Секој момент носи нови предизвици, да ги прифатиме… Утрото да го започнеме со чинија свежо сезонско овошје (лубеница, праска, грозје…), да се напиеме кафе со драги луѓе, да направиме некое добро дело за себе или за кој и да е, да разговараме со нашите сакани, да ручаме во прекрасна семејна атмосфера, да имаме физичка активност, да се дружиме со луѓе кои нѐ полнат со убава енергија… Денот да го завршиме со најсаканата личност и чаша квалитетно вино… На здравје…

Поврзани статии

Back to top button