Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Лиса Баута Шакири

Рецептот за убав ден со нашите читатели денеска го открива секогаш насмеаната и шармантната Лиса Баута Шакири.

Мојот рецепт за убав ден е многу едноставен. Секој ден го гледам како дар од Бога, а на подарен коњ не му се гледаат забите. Не дозволувам ништо да влијае на тоа дали е убав денот или не. Кога еднаш ќе одлучиме со ништо да не ја условуваме нашата среќа, се навикнуваме сами да одлучуваме дали сакаме да бидеме среќни или не.

Можеби не секој ден е убав, но секој ден носи нешто убаво. Често губиме осет, нè гази времето и забораваме да уживаме во малите убави работи. Научив дека еден обичен оброк на сонце со пријател/ка може да биде вистинско уживање, а не само активност која треба да „помине“ колку да се убие гладот и негува односот со пријателите. Истото важи за секоја активност.

Секоја работа која нè прави несреќни е токму тоа што ни треба за се надградуваме во посвесна и посилна личност. Целото тоа е во наша функција и почнува да се нарекува предизвик, како во дневна основа, така и низ животот. Ако навистина се потрудиме да ги гледаме само убавите работи, а неубавите да ги користиме за да извлечеме поука ќе си легнеме задоволни после секој ден.

Поврзани статии

Back to top button