Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Ивана Ризаов

Младата авторка Ивана Ризаов се дружи денеска со вас во рубриката “Рецепт за убав ден”.

Рецептот за убав ден не е едноставен, исто како и самиот живот. Најважното нешто што го научив низ текот на годините дека секој ден не може да биде убав и да ги прифатам и “лошите” денови и да го извлечам максимумот од нив. Ако добро се познаваме себеси и
научиме да го слушаме своето тело, секој ден може да биде нова авантура. Порано знаев да се прекорувам себеси ако поминам цел гледајќи ја омилената серија иако планерот ми бил полн со задачи кои не добиле свој ✔. Денес, научив да го слушам своето тело кога му треба пауза и дека е во ред ако еден ден одвојам за себе и моите потреби, макар и ако тоа значи да не правам ништо. Во овие тешки времиња она што ме мотивира и турка низ денот е надежта за
подобро утре, насмевката на семејството и пријателите и новата книга на која неуморно работам. Се трудам да го дадам максимумот во се’ што правам и верувам дека ако сме доволно храбри и упорни соновите навистина се остваруваат. Верувам дека не треба да бидеме робови на навиките, понекогаш да си дозволиме да излеземе од комфорната зона и да направиме нешто што воопшто не личи на нас. Да се биде спонтан е голема доблест и може да придонесе до уште поубав и поуспешен ден. Мојот совет е да го правите она што ве прави
среќни, а доколку не знаете што е тоа, што побрзо да откриете. Бидете благодарни за се’ што имате, а во меѓувреме напорно работете на она што сакате да го добиете. Не заборавајте да замете пауза, а кога ќе паднете, само истресете ја прашината од коленици, глава горе бидејќи
утре е нов ден и може да биде незаборавен!

Поврзани статии

Back to top button