Рецепт за убав ден на Емилија Златкова Анастасова
Авторката Емилија Златкова Анастасова денеска го споделува својот рецепт за убав ден со читателите на www.ubavo.mk
Имав една баба која ми велеше “Наутро наштимај се со молитва за да не свириш фалш преку целиот ден”. Знаете јас сум личност која прима совети од постарите. И според овие зборови би требало тоа да е рецепт за убав ден. Но, јас сум пак и личност која експертиментира во многу работи во животот, па и со рецептите (па и оние во кујна, секако). Виситна, се трудам да го исполнувам овој рецепт секој ден, но на тоа додавам наутро мала доза читање (поради обврските) обично наутро читам по неколку стихови од Светито Писмо (Библијата). Па следува четири филџани љубов (од моите деца и сопругот). На ова додавам грст прошетки, игри, разговори, дружби и музика. Но, знаете секојдневни постојат и тешки моменти или огнен дел, како што јас ги нарекувам, но нели тестото нема да е убаво доколку не се пече. И на крај е филот – кога ќе завршам со сите обврски и домот ќе стане потивок (а верувајте тоа е редок момент со три деца во домот) се посветувам на пишување. Јас сум ноќна птица – дење сум мајка, сопруга, домаќинка, а навечер сум автор, читател и пријател. Обично навечер “ми доаѓаат мајмуните на глава” (инспирацијата) и не ме оставаат на мир додека не напишам тоа што треба да се напише. И на крај декорирам со 50-100 страници читање на некоја книга. Ова е вообичаено рецептот кој го користам секојдневно иако понекогаш знам по малку да променам некои ситници, ама верувајте кога ќе си легнам помислувам “ова беше добар ден”. А посебно аромата се подобрува ако сум можела да направам некое добро дело, ако сум успеала на некој начин, било каков да направам нечиј ден да биде убав и радосен – е тоа е за мене најубав ден. Знаете сите ние можеме да направиме светот да е поубаво место со секојдневни мали нешта, зашто, зар и морето не е составено само од ситни капки, зар и најголемата поплава не започнува само со една капка? Да бидеме капка освежување за некој, да бидеме зрак светлина за нечиј живот е нешто што живото и секој ден го прават посебен.