Рецепт за убав ден на Драгана Младеновска
Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува Драгана Младеновска. Таа е магистер по фармација и диететика, аеробик и пилатес инструктор.
Рецепт за убав ден за мене е позитивна мисла при будење. Убави ми се тие денови кога ќе се разбудам порано од сите и ќе го испијам првото утринско кафе во мир и тишина сама со себе. Така црпам енергија, инспирација и мотивација за денот што следи. Убав ден ми е и ден започнат со утрински тренинг. Нема поубаво будење од утринско размрдување, тоа ви дава таква позитивна енергија и мотивација што ден започнат со тренинг не може да биде лош ден. Убавите денови секогаш ги почнувам со вкусен и нутритивен појадок кој исто како и тренингот ми дава сила, енергија и мотивација за сите обврски во текот на денот. Убавината на денот зависи од нас, од нашата перцепција кон животот и кон нештата. Бидете секогаш позитивни и благодарни за се што имате. Вложувајте во себе и никогаш не се споредувајте со другите, тој рецепт навистина функционира, не само за убав ден туку и за ПОУБАВ живот.