ЖивотУбави совети

Рецепт за солена торта – вкус кој ќе ве освои

Во продолжение лесен рецепт за солена торта (за 6 лица) Подготовка: 40 мин. Печење: 25 мин.

Потребни состојки:

За кората:

6 јајца
150 гр путер
4 лажици брашно
6 дл млеко
1 прашок за пециво
морско оревче
сол

За фил:

300 гр кисели краставички
300 гр шунка
300 гр фета сирење
2 дл павлака
1 лажица сенф
2 јајца

За декорација:

300 гр сирење
1 дл павлака
200 гр маринирани печурки

ПОДГОТОВКА:

Кора:
1. Во соодветна тава растопете го путерот, па додадете го брашното, промешајте и кратко пропржете. Потоа полека се прелива млекото и се меша додека не се добие саканата густина. Готовиот сос зачинете го по вкус и оставете да се излади.

2. Белките се одвојуваат од жолчките и се матат во цврст снег.
3. Во изладениот сос се мешаат жолчките, прашокот за пециво и морското оревче по вкус, а потоа се додаваат белките и полека се промешува.
4. Во правоаголен плех обложете хартија за печење, па истурете ја подготвената маса и рамномерно распоредете ја. Се пече во загреана рерна на 200 ºC додека не порумени. Изладената кора се сече по должина за да се добијат три правоаголни кори.

Фил:
1. Јајцата се варат и се рендаат, краставиците и шунката се сечат на коцки, а магдоносот се сечка што поситно.

2. Во соодветен сад изматете ги сирењето, павлаката и сенфот, па додадете ги шунката, јајцата, краставиците и магдоносот, зачинете по вкус и полека промешајте.

1. Испечените кори се премачкуваат со подготвениот фил и се редат една врз друга.
2. Наполнетиот колач се премачкува со мешавина од фета сирење и павлака, па се украсува со маринирани печурки.

Поврзани статии

Back to top button