ЖивотУбави совети

Рецепт за најпопуларната посна домашна паштета

Брзо се готви и уште побрзо се јаде.

Постот започна, а доколку немате идеја што да подготвите за појадок, вечера или ужина, тогаш оваа домашна паштета е идеална за вас.

Се подготвува во само три чекори, а за подготовка нема да ви требаат повеќе од десет минути.

Потребни состојки:

лук
главица црвен кромид
една конзерва туна
неколку кисели краставички
грст ореви
лажичка маслиново масло
малку сол, бибер, магдонос
сок од лимон

Подготовка:

На маслиново масло пропржете го лукот и црвениот кромид додека не испуштат вода, а потоа оставете малку да се излади. Во блендер изматете ги краставиците, оревите и туната, но претходно исцедете го маслото и измешајте со кромидот.

Додадете сол и бибер по вкус, додадете малку сок од лимон и оставете ја добиената паштета малку да се излади во фрижидер пред употреба.

Поврзани статии

Back to top button