ЖивотУбави совети

Рецепт за домашен раствор против комарци

Како да направите средство против комарци – сосема природно, за да уживате во летните ноќи на тераса или во двор!
Уживањето во градината или терасата во текот на летото може да го уништат само комарците. Доколку сакате да се заштитите, не мора да ги жртвувате убавите летни вечери, ниту да трошите многу пари на производи кои содржат хемикалии. Можете сами да направите одличен лек против комарци.

Комарците ги одбиваат одредени мириси, поради што во дворот се садат маточина, лаванда, босилек, нане или жалфија. Доколку не сте имале време да се занимавате со градината или сакате да ја зајакнете заштитата, направете моќен раствор со етерични масла.

Комбинацијата од овие есенцијални масла ќе мириса добро, но овој мирис ќе ги избрка комарците од вашиот дом и од вашата тераса. Можете долго да седите надвор и да уживате во топлите летни ноќи со драги луѓе. Еве како да го направите овој одличен раствор.

Потребни состојки:

250 мл вода
5 капки есенцијално масло од лимон
5 капки есенцијално масло од еукапилтус
10 капки есенцијално масло од цитрон

Сите состојки измешајте ги, во еден декоративен сад и уживајте во топлите долги ноќи.

Поврзани статии

Back to top button