ЖивотУбави совети

Рецепт за брза торта!

Недела е ден за слатки десерти. Рецепт за брза торта во продолжение.

Потребни состојки за тесто: 6 белки, 6 лажици шеќер, 2 лажици зејтин, 2 лажици брашно, 2 лажици презла и 1 пециво.

Тестото се пече на хартија која прво се подмачкува со маргарин а врз неа се ставаат ситно исечкани ореви.

Потребни состојки за фил: 1 пудинг од ванила, 4 лажици густин, 6 лажици шеќер и 1л млеко.

Се вари млекото со густинот, шеќерот и пудингот. Филот се дели на 2 дела во првиот се става 100г. кокос а во вториот 100г. растопено чоколадо. Кората од тестото се премачкува со еуро крем и потоа се става првиот дел па вториот. Одозгора со хопла се декорира по избор.

Поврзани статии

Back to top button