ЖивотУбави совети

Рецепт за брза и вкусна солена торта

Подгответе брза и вкусна, лесна солена торта за вас и вашите најблиски.

Тиквиците се лупат и се сечат по должина. Се посолуваат па се оставаат малку да се исцедат. Потоа се валкаат во брашно, па во јајце и се пржат. Така испржени се ставаат на хартија за да се впие зејтинот. Во еден сад се меша павлака, мајонез и рендана краставица. Во правоаголен или овален тањир се редат тиквици, па врз нив се става павлаката со мајонезот, одозгора се става рендано сирење, рендан кашкавал и тенко исечени кругови шунка. Постапката се повторува три пати и на крај се завршува со ред тиквици. Целата торта се премачкува со павлака и се декорира по желба.

Поврзани статии

Back to top button