Убави книги и филмови

Релаксирајте се на квалитетен начин!

Лето на љубовта (Кејти Форд) Кој знае каква љубов може да се доживее за време на летото? Шан Бишоп го напушти зовриениот град и започна нов живот на село. Со своето синче, градина како од разгледница и нејзината работа која доживува процут, среќна е и премногу зафатена. И одеднаш, една прекрасна летна ноќ, се појавува Гас Бересфорд. Истражувач, заводник, Гас е неверојатно возбудлив, предизвикувачки гламурозен и – како што Шан се убедува себеси – сосема погрешен избор за самостојна и претпазлива жена како што е таа. Но Шан и Гас се знаат од поодамна… И покрај нејзините намери, нема да помине долго време, а таа повторно ќе се вљуби во него..

Лола и момчето од соседството (Стефани Паркинс) Надежната дизајнерка Лола Нолан не верува во мода… таа верува во костим. Колку поизразита облека – посјајна, позабавна, полуда – тоа подобро. И животот, во тој свет на Лола, особено со нејзиниот дечко, сексипилниот рокер, е скоро совршен. Така и е, се додека во нејзиното соседство не се вратат ужасните близнаци Бел, Калиопи и Крикет и не го откопаат болното и навредливо минато за кое Лола мислеше дека е одамна закопано…

Девојката од хартија (Гијом Мисо) На Том Бојд, познат писател му недостига инспирација, а тогаш во неговиот живот ненајдено се појавува хероината на неговите романи. Таа е убава, таа е очајна, таа ќе умре ако тој престане да пишува. Невозможно? А, има и уште… Заедно, Том и Били ќе доживеат неверојатна авантура во која реалноста и фикцијата се мешаат во една заводлива и смртоносна игра…

Поврзани статии

Back to top button