4 причини зошто самохраните мајки се најхрабрите суштества на светот
Ако некогаш помислите дека е тешко да се порасне бебе, додека вие и вашиот сопруг наизменично го заспивате тоа мало суштество, плачејќи 24/7, размислете како би било кога би морале да го направите сето тоа сами.
Животот е често непредвидлив, а причините зошто некоја е самохрана мајка се многу. Денеска не сме тука да осудуваме некого, туку да укажеме зошто овие жени се најхрабрите на светот.
Потребен е посебен вид на жена за да може сама да се соочи со целиот свет и предизвиците на родителството, на патот кон одгледување на тоа мало суштество кое ја нарекува „мама“. Самохраните мајки се тие кои прават сè на потешкиот начин, а во продолжение истакнуваме само некои од причините поради кои ја носат титулата најсилни на светот.
На грбот на самохраните мајки е целиот товар – Кога живеете сами, целата работа во куќата се сведува на вас. Не можете да сметате на вашиот сопруг дека ќе ги измие чиниите по вечерата, ќе ги плати сметките, ќе оди на намирници или ќе ја однесе колата од мајсторот. Сето ова и без бебето во приказната е прилично исцрпувачко. И кога ќе го додадете тоа мало суштество во равенката, добивате работи што само најхрабрите од нас можат да ги направат.
Самохраните мајки немаат на кого да се потпрат додека ги воспитуваат своите деца – Факт е дека децата навистина знаат да бидат неверојатно упорни во поместувањето на границите на издржливоста на нивните родители. Дури и родителска двојка е многу тешко да се справи со одредени форми на детско однесување, како фрлање на подот во продавница или туркање други деца на игралиште. Ако го исклучите таткото од целата приказна, навистина е неверојатно како самохраните мајки успеваат да ги дисциплинираат своите деца без поддршка.
Самохрана мајка нема време за себе – На секој од нас му требаат тие неколку минути самотија во текот на денот, за да ги одмори мислите, но и телото од постојаните детски прашања, нивното плачење, скокање и трчање на сите страни. Самохраните мајки ја немаат оваа луксузна опција во рака. Тие не можат да бараат од партнерот да седи со детето додека тие излегуваат на пијачка со пријателите или барем да медитираат во друга просторија.
Без двоумење ги ставаат потребите на децата пред своите – Потребна е вистинска сила за да се стават потребите на една личност пред нивните. За самохрана мајка, нејзиното дете го претставува целиот свет. Поради него се откажала од многу работи, а со тоа што избрала сама да го воспитува, без сомнение е подготвена да го жртвува сопствениот живот за доброто на своето дете. Таков чин бара вистинска емоционална сила.