ЖивотУбави совети

Работниците во Македонија третирани како аргати!

Приватниот сектор ни е одамна добро познат на сите. 40 часа неделно, 4 слободни дена месечно, просечна плата 12.000 денари, работни се и празниците и тоа неплатени, па уште и кога може ќе најдат дупки во законот за и таа плата што ја земаш да ти ја скрати и да не те поштеди. Чест на исклучоци на приватници кои си ги почитуваат и ценат вработените, но, повеќето за жал го имаат изгубено чувството за човечност, дел од нив и заборавено како е да се биде на место на работникот или во случајов во Македонија: “Аргатот”.

Додека продолжените викенди ги користите да појдете на прошетка од 3-4 дена и да се одморите, некој работи, и трпи секакво понижување од вашите клиенти за вие да можете да се релаксирате. Па, газди имајте малку осет. Ценете си ги вработените, почитувајте ги, стимулирајте ги со нешто како ние вработените би работеле уште подобро и поефикасно од предходно. Или, пак ајде вака да направиме. Замислете дека Вие сте работникот, дека ја земате платата што вие реално ја нудите. Сте да речеме четири члено семејство каде што вие сте еднинствениот вработен, и треба со 12.000 денари да ги платите сметките кон државата кои се неизбежни, да обезбедите храна за целото семејство, да ги снабдите дечињата со нова гардероба, оти тие растат не може како нас со години едни патики да носат, и не ај боже да се разболите и да треба и лекови да купите?! Одмор? За одмор ќе причекате. Една плата е. Викенд уште помалце, на работа сте. Ви се разболело детето нема кој да го чува? Заборавете на боледување, работата не смее да трпи поради вашето отсуство. Ви дошол некој на работа, бара услуга од вас, помош, и згора на се е дрзок, не знае што всушност бара и индирекно, па во некоја ситуација и директно почнува да ве навредува поради вашата неуслужливост иако вие сте дале се од себе?! Газдата ви крати 10% на плата иако сте биле најкултурен и љубезен? Немате столче на работа и мора да стоите 8 часа на нозе иако вашата работа не бара постојана физичка активност… Па, и да бара, имате само десет минути пауза, да јадете, пиете, одморите, здивнете и запалите цигара, па повторно на работа. Или, можеби воопшто немате пауза? Таман дошло време да си заминете накај дома, на газдата му текнало дека мора да останете уште три часа повеќе? И тие се неплатени, се разбира. Сте имале закажано на заболекар, го посочувате тоа како причина зошто не може да останете уште три часа? Добивате закана со отказ? Се прави попис на кој фалат продукти од дуќанот, а не смеете да погледнете на камери кога и како се изнесени, сигурни сте дека не се во ваша смена? Ако, и за тоа сте виновни и платата ви се намалува на неколку месеци по 30%?

Можам јас уште да набројувам, но, мислам дека е доволно. Ви создаде малку стрес сето ова? Добро е, можете да се вратите во релноста. Повторно сте газда, и среќни сте поради тоа. Јасно е, не му е погоден животот секому, но, барем не им отежнувајте на оние на кои и така им е доволно тежок животот. Превземете нешто, кармата не следи сите. На крајот на краиштата сите завршуваме исто.

Поврзани статии

Back to top button