Продолжете им го рокот на траење на костимите за капење!
Многу од жените секое лето се соочуваат со истата приказна: костимот за капење кој го купиле минатото лето, годинава изгледа толку износено, излитено и старо, што единственото решение е да се купи нов.
И можеби сте лути на производителите и продавачите на костими за капење, но, вистината е дека одржувањето на костимот за капење е од голема важност доколку сакате тој да ви потрае.
Костимите за капење никогаш не би требало да ги перете во машина за алишта, туку само на рака, со ептен благ детергент, на пример оној за бебешки алишта и исклучиво со ладна или млака вода. Откако ќе го исперете, немојте да ја цедите водата. Оставете го на фротирски материјал кој ќе го впие вишокот на вода.
Никогаш не го оставајте да се суши на жица и директно на сонце. Наместо тоа, оставете го на рамна површина, под сенка и оставете го добро да се исуши.
Откако ќе заврши летната сезона, костимите за капење немојте да ги вакумирате во кеси или стуткани да ги оставате на некоја полица. Чувајте ги во фиока, нездиплени, како не би ја изгубиле формата.