ЖивотУбави совети

Проверете дали сте го пронашле оној Вистинскиот или е само уште една авантура која набрзо ќе помине!

Дури и кога сте лудo вљубени во некого, не можете да бидете сигурни дека тој е “вистинскиот”. Како што поминувате време заедно поминувате и низ површината, забележувајте ги малите детали кои брзо можат да откријат дали е сериозна работа или е само флерт.

Истражување е спроведено над 2.000 среќни парови и одговорите можат да откријат многу интересни факти. Имено, се прашувале парови кои делувале дека нивниот однос ќе биде успешен и ќе стане сериозен.

Иако одговорите биле различни, некои од нив се повторувале постојано. Ги собравме најинтересните, оние кои треба барем малку да покажат дали вашата нова врска е сериозна или е нешто што поминува.

  • Ги запознавте неговите родители, а тој вашите.
  • Планирате заедничко патување
  • И двајцата сонувате за заедничка иднина
  • Двајцата кажавте Те сакам
  • Во неговиот стан оставивте ваши работи (пижами, парфем, четка за заби..)
  • Се гледате барем секој втор ден
  • Се грижи за вас кога сте уморни и настинати
  • Го возите неговиот автомобил а он вашиот
  • Ве запозна со сите негови пријатели и вие него со вашите
  • Отворено зборува за неговите фантазии
  • Не ја затварате вратата од тоалетот
  • Се почесто спиете заедно и се будите прегрнати
  • Ви предлоши да си вдомите заедничко милениче
  • Заедно се туширате и миете заби
  • Ги знаете сите негови дневни планови и обврски
  • Ви се јавува и без договор и кога сте на работа
  • Ви испраќа смс пораки кога не сте заедно дека му недостасувате
  • Ве гушка искрено и силно
  • Ве бакнува како тинејџер
  • Секогаш го цени вашето мислење и го зема во обзир
  • Слободното време го планира со вас и ве вклучува во неговите активности

Поврзани статии

Back to top button