Причини поради кои косата ви станува се поретка и секојдневно ви опаѓа
Една од најголемите женски грижи е губењето на косата, како и недоволно густа, тенка, слаба коса. Ние ви ги откриваме петте најчестите причини пореди кои косата е тенка и слаба.
Постојан стрес – директно е поврзан со опаѓањето и губењето на косата. Намалете ги стресните ситуации колку што можете.
Недостаток на железо – Губење на железо е најчеста причина за губење на косата. Овој проблем исто така може да предизвика и интолеранција на глутен.
Диета и неправилна исхрана – Внесувањето на малку јаглени хидрати може да го оштети квалитетот на косата поради недостаток на енергија, односно калории и шеќери. Можете да јадете протеини колку што сакате, но без енергија, вашата коса ќе страда. Несоодветната исхрана со себе носи ризик од недостатокот на важни витамини и минерали, кои се најважни за густата, бујна коса.
Полицистични јајници и проблеми со тироидната жлезда – Втората најчеста причина за губење на косата кај жените е синдром на полицистични јајници, што резултира со прекумерна количина на тестостерон. Ова може да предизвика деформации со прекумерна тежина, но исто така и загуба и губење на косата. Преслаба или прејака работа на тироидната жлезда може да биде причина за губење на косата.
Лекарства – Одредени видови на лекови може да предизвикаат опаѓање и намалување на густината на косата.