Убави вести

Присуствувајте на аукциска вечер!

Почитувани пријатели,

На 15 јуни во 20:00 часот во Public Room, правиме аукциска вечер. Оваа вечер ја посветуваме на освестување во однос на дискриминацијата која се врши врз дечињата од еднородителските семејства

Како Една може!, иако единствена граѓанска организација за унапредување на правата на еднородителски семејства во Република Македонија, имаме недостиг на финансии. Според тоа и потреба да направиме заеднички заложби со сите вас, за да можат нашите дечиња да растат во здрави и среќни индивидуи. Сите собрани сретства, ќе ги насочиме кон општествена едукација и се обврзуваме да создадеме визуелни прикази. А ние, преку Една може! ќе им понудиме да разговараат со психолог, да работат со педагог, да комуницираат со социјални работници и логопеди, да изработуваат креативни дела и да ја канализираат својата енергија преку уметност.

Лајт мотив на сево ова ни е визијата за рамноправен свет за сите дечиња (heart)

Затоа на 15 јуни од 20.00 часот во Public Room, заедно со Ротари Скопје Вест клубот, на кои сме им бајаѓи благодарни, организиравме аукциска вечер.
Влезници ќе изнесуваат 300 денари, а со тоа ќе добиете промо примерок од серијата органски производи на Социјалното претпријатие “Една прави”, welcome drink и можност за купување на висококвалитетна уметност, по достапни цени.

-Од 20.00 часот почнуваме да се собираме и нека почне забавата!

-Од 21.00 часот почнуваме со гласната аукција и можеме а се наддаваме со добрина.

-Од 22.00 часот продолжуваме со жур, со Јана Бурческа и Off Beats band! до крај.

Имаме и можности за интровертните емпатичари/ки 🙂

– Тивка аукција: ако сакате срамежливо и тивко до се наддавате за делата изработени од нашите членки и од уметниците, можете тоа да го направите со тивката аукција, на хартија. Тука имаме различни изработки, фотографии, накит и секако, уметнички дела
– Гласна аукција: ако сакате гласно да се наддавате, Сашо Јанев ќе Ви помогне.
– Ќе имаме и кутија за дарежливи рачиња.
– Директна продажба на книги

Им благодариме на уметници и уметнички, без кои ништо не бива: Инес Ефремова, Ване Костуранов, Драгана Заревска, Индог, Никола Пијанманов, Владимир Лукаш, Ирена Мила, Тони Попов, Елена Фиданска, Ем Елепфантски, Д.А. Лори, Апс Реал, Драган Драш Китановски, Драги Неделчевски, Филип Пановски, Горан Гого Андов, Сашко Дете Илов, Сарита Коневска.

Им благодариме на Град Скопје и Ј.П.Паркови и зеленило за донацијата на уметнички дела, од ‘Цветните фестивали” 2015, 2016 и 2017 и уметниците/чките: Касиопеја Наумовска, Симонида Филиповска Китановска, Сергеј Андреевски, Андријана Мациев, Петра Јованова, Елена Кичевска, Дороти Пачкова и ученици од ДСУПУ “Лазар Личеноски”
Ве очекуваме на 15.06, од 20.00 часот да се дружиме и на добробитта на дечињата да служиме ♥

*( секој автор кој ќе се вклучи ќе го додадеме на евентот)

Една може!, Една прави, Една сака!

Поврзани статии

Back to top button