ЖивотУбави совети

Премногу сок од црно грозје може да предизвика анемија?

Антиоксидансите што се наоѓаат во сокот од црно грозје, а за кои е познато дека се особено добри за спречувањето на болестите на срцето, може да имаат и своја лоша страна. имено, научниците од Њујорк неодамна откриле дека состојката на сокот од црно грозје полифенол, може да ја блокира апсорпцијата на железо и на тој начин да доведе до анемија.

Досега истражувања се вршеле само на животни, а за службена потврда на овие тврдења, потребно е да се изврши уште некое истражување на човековиот организам.

Редукцијата на количеството на железо може да биде и корисна за некои возрасни лица што имаат одредени медицински проблеми, но недостигот на железо кај децата може да предизвика сериозни ментални и физички потешкотии и промени во однесувањето и социјализацијата на таквите деца.

Меѓутоа, научниците нагласуваат дека поради тоа не би смеело децата да престанат да консумираат сок од црно грозје, туку само да се ограничи неговото количество додека да се добие службена потврда од резултатите на поновите истражувања.

Поврзани статии

Back to top button