МодаУбави совети

Прекрасни фустани за вљубеничките во црната боја

Иако црната боја не е премногу актуелна во лето и не се носи често бидејќи прави да ни е уште потопло, сепак има жени кои се вљубени во оваа боја и би престанале да ја носат само доколку некој измисли потемна боја. 🙂

Доколку сте една од тие жени, не значи дека треба да се откажите од црната боја во лето, а притоа не мора да бидете монотони и здодевни.

Одберете облека на која црната боја е основна, а е со интересни кроеви и дезени.

Кои фустани се задолжителни ова лето за оние кои не можат без црната боја?

Црн фустан со бобици

Ваквиот модел на фустан е класика. Одберете модел кој не е премно краток и деколтиран и ќе може да го комбинирате и за на работа, но, и за излегување.

Модел со тенки прерамки

Ваквиот фустан е совршен избор за вечерните излегувања. Може да го комбинирате со високи потпетици, но и со рамни сандали. Одберете модел со впеатливи детали.Лелеав фустан

Раскроениот фустан во црна боја мора да го имаат дури и жените кои не ја сакаат баш оваа боја. Идеален е за попладневни прошетки, за моментите кога сакате да изгледате средено, а немате многу време за дотерување. Наша препорака е да го комбинирате со папучи кои се вистински хит ова лето.

Слип фустан

Ако ја следите модата, тогаш мора да го имате и овој модел. Задолжително комбинирајте го со бела маичка под фустанот и подготвена сте за излегување!Фустан со голи раменици

Одберете го омилениот дезен и бидете уникатни! Ваквите модели на фустани се ептен тренди и удобни!

Поврзани статии

Back to top button