Убави книги и филмови

Предлог три фантастично добри книги!

За денес ви спремивме три супер интересни книги кои ќе ве остават без здив… Уживајте!

Крововите на Техеран (Махбод Сераџи) Ова е една незаборавна приказна за љубовта, пријателството и храброста. Тој е навикнат да добива се што сака… А сега ја сака неа… И покрај тоа што го мачи грижата на совест, кревкото пријателство на Паша со Зари тоа долго, топло лето се претвора во длабока врска полна со емоции. Но повеќемесечната магија на прекрасни украдени моменти се руши за само една ноќ со една ненамерна грешка на Паша. Поради суровите последици од тој еден настан, тој и неговите пријатели одеднаш ќе станат свесни за диктатурата во која живеат, а Зари ќе донесе незамислива одлука од која Паша можеби никогаш нема да може да си дојде на себе.

Ќе има друг ден (Лори Нелсон Спилмен) Во оваа бескрајно симпатична приказна, една девојка тргнува да ја комплетира својата тајна листа со цели од детството и дознава дека животните соништа ќе ја доведат до животен пат кој никогаш не го очекувала. Но, кога нејзината сакана мајка умира, светот на Брет се накривува на својата оска. Наместо едноставно да ја назначи за директор на семејната компанија како што се очекува, Елизабет остава тестамент кој ги вџашува сите: таа бара нејзината ќерка прво да ја комплетира целата листа со цели и желби од детството што ја направила пред петнаесетина години.

Кралство од соништата (Џудит МекНот) Тој е моќен, страшен и арогантен. Тој е нејзиниот најголем непријател. Таа е горда, безобразна и непокорна. Таа никогаш не се предава. И доаѓам момент кога двајцата се заплеткуваат во мрежата на страста и лојалноста…Двајцата лојални до срж и опасно темпераментни, полека ја губат волјата за војување кога во нив почнува да се буди нешто друго.

Поврзани статии

Back to top button