Убави книги и филмови

Предлог книги за убав ден

Одбравме три книги кои се интересни и мистериозни, книги кои вредат да бидат прочитани. 

Греј (Е Л Џејмс) Видете ја љубовната приказна што го освои светот низ очите на Кристијан.. Преку зборовите, размислувањата и емоциите на Кристијан, Е.Л. Џејмс нуди нова перспектива во оваа љубовна приказна која плени стотици милиони читатели ширум светот. Кристијан Греј мора се да контролира; неговиот свет е уреден, дисциплиниран и емоционално празен – се до денот кога во неговата канцеларија не се појави Анастасија Стил со своите убави нозе и неуредна, смеѓа коса. Тој се обидува да ја заборави, но наместо тоа, тој чувствува бура од емоции кои не ги разбира и на кои не може да им одолее. За разлика од сите жени со кои се има запознато, срамежливата и обична Ана како да гледа низ него – ладно, рането срце што се крие зад бизнис гениј кој води луксузен живот. Дали врската со Ана ќе успее да ги отфрли ужасите од детството што секоја вечер го прогонуваат? Или неговите мрачни сексуални желби, потребата за контрола и презирот спрема себеси што му ја полни душата, ќе ја избркаат девојката и ќе ја уништат кршлива надеж што му ја нуди? Романот „Греј“ нуди уникатна приказна за мислите, душата и срцето на еден млад човек кој, поради тешка траума од детството едноставно не знае што да прави кога ќе се соочи со љубов.

Потемно (Е Л Џејмс) ДОЖИВЕЈТЕ ЈА СТРАСТА НА ПЕДЕСЕТ НИЈАНСИ РАСКАЖАНА СО ЗБОРОВИТЕ НА КРИСТИЈАН ГРЕЈ, ДОЖИВЕЈТЕ ЈА ПРЕКУ ВИТЕЛОТ НА НЕГОВИТЕ ЧУВСТВА, МИСЛИ И СОНИШТА.
Нивната врела и сензуална врска заврши со скршено срце и обвинувања, но Кристијан Греј не може да ја исфрли Анастасија Стил од главата. Решен е повторно да ја освои обидувајќи се да ги потисне своите најмрачни желби и потребата за целосна контрола, како и да ја сака Ана под нејзините услови.
Но, сѐ уште го прогонуваат ужасните моменти што гидоживеал во детството, а подмолниот шеф на Ана, Џек Хајд, очигледно ја сака само за себе. Може ли доктор Флин, психијатарот на Кристијан, да му помогне да се соочи со своите демони? Или пак, Елена, посесивната жена што го завела, и Лејла, поранешната потчинета која патолошки го обожава, ќе го одвлечкаат Кристијан во минатото?
А ако Кристијан успее повторно да ја заведе Ана, може ли еден толку мрачен човек воопшто да се надева дека ќе ја задржи?

Ослободени (Е Л Џејмс) Е. Л. ЏЕЈМС СЕ НАВРАЌА НА СВЕТОТ НА „ПЕДЕСЕТ НИЈАНСИ“, ОВОЈ ПАТ СО ПОДЛАБОК И ПОМРАЧЕН УВИД ВО ЉУБОВНАТА ПРИКАЗНА ШТО ВООДУШЕВИ МИЛИОНИ ЧИТАТЕЛИ ШИРУМ СВЕТОТ. Срдечно сте поканети на свадбата на деценијата, каде Кристијан Греј ќе се жени со Анастасија Стил. Но, дали тој е скроен за брак? Татко му не е сосема сигурен, брат му сака да организира луда ергенска забава, а неговата свршеница одбива да вети дека ќе му се покорува… Секој брак си носи свои предизвици. Страста еден за друг гори пожешко и подлабоко од кога било, но пркосниот дух на Ана продолжува да ги буди најмрачните стравови на Кристијан и ја става на тест неговата потреба за контрола. Кога двајцата ќе се најдат загрозени од стари ривалства и гнев, една погрешна проценка се заканува да ги распарчи. Може ли Кристијан да ги надмине кошмарите од детството, и маките од младоста и да се спаси? И, дали ќе може да најде прошка и да ја прифати безусловната љубов на Ана откако ќе ја открие вистината за своето потекло? Може ли Кристијан конечно да се ослободи?

Поврзани статии

Back to top button