ДомУбави совети
Потребна ви е фокусна точка на еден ѕид во домот!
Уметност на ѕид може да биде многу повеќе од сликите закачени на него. Тоа може да биде израз на стилот, личноста и општиот карактер. Иако станува збор само за еден ѕид, токму тој може да ја смени целокупната атмосфера и амбиентот во просторот. Од многу други идеи за декорирање на домот, уметноста на ѕид често се занемарува и заборава, а тоа не е и баш позитивен факт.
За почеток една од работите што треба да направите е да изберете ѕид кој ќе го привлече вниманието и кој ќе стане фокусна точка. Уметност која ќе биде фокусна точка за вас и за сите посетители во домот е супер потребна идеја.