ЖивотУбави совети

После празничните прејадувања време е за прочистување на огранизмот!

Ние веруваме дека секој размислува за детоксикација и вишокот килограми после празниците. Ние ви спремивме едноставен рецепт со кој веднаш можете да ја започнете детоксикација.

Ѓумбир и лимон пијалок, брзо и лесно е да се направи, и е одличен избор за чистење на телото на отрови. Го стимулира метаболизмот, исто така, го забрзува губењето на килограми.
Ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој ја зголемува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото. Покрај тоа, помага при надуеност и го забрзува дигестивниот систем. Лимонот има диуретична особина која го стимулира отстранувањето на токсините од телото.

Состојки:
– 3 dcl вода (собна температура)
– Исцеден сок од половина лимон
– 1cm свеж ѓумбир

Подготовка:
Додајте сок од лимон и рендан свеж ѓумбир во чаша млака вода. Оставете го пијалокот десетина минути да кисне а потоа испијте го.

Овој чудесен пијалок може да послужи како детоксикација и дополна за исхраната, но исто така и како здрав утрински ритуал кој ќе ви помогне да го исчистите телото од токсини акумулирани за време на одморот. Ако сакате, можете да го засладите со малку мед.

 

Поврзани статии

Back to top button