После венчавката жените ја зголемуваат својата тежина?
Сите жени сакаат да изгледаат совршено на денот на нивната венчавка, па затоа не им е тешко да ја донесат линијата до совршенство пред церемонијата. Сепак, штом го добијат прстенот на раката, сè се менува.
Само една година по бракот, според најновото истражување, 22 проценти од жените добиваат килограми плус. Според истражувањето, секоја петта жена добила значително поголема тежина, бидејќи таа и нејзиниот партнер заеднички го зголемиле внесувањето храна. Повеќе од половина од жените кои биле во првите месеци од бракот признале дека престанале да се грижат за телесната тежина и физичкиот изглед по венчавката, а секоја петта жена се опуштила во текот на првиот месец од бракот. Четириесет и два проценти од жените признале дека едноставно премногу се опуштиле во друштво на своите сопрузи, а 22 проценти повеќе не чувствуваат потреба да се грижат за физичкиот изглед затоа што добиле сигурен партнер.
Истражувањето опфатило повеќе од 3.000 омажени жени, а откриено е дека една третина од жените откако стапиле во брак едноставно повеќе не биле мотивирани да ја одржуваат линијата, бидејќи немале цел пред себе како деновите на венчавка.
Експертите објаснуваат дека ова е вообичаено однесување, бидејќи жените одеднаш се наоѓаат во нова улога и почнуваат да се грижат за многу други работи, па затоа едноставно немаат време да размислуваат само за нивниот физички изглед.