Понекогаш ми е потребен некој кој ќе ми каже дека се ќе биде во ред…
Признавам, јас сум силна личност. Една од оние на кои животниот многупати им задал опасни крстосници. Огромни искушенија и болни удари. Но, некогаш ми е потребен некој кој цврсто ќе ме држи за рака, некој кој ќе ми каже дека се ќе биде во ред, некој кој ќе умее да ме убеди дека има многу работи кои треба да ги направам и малку работи за кои треба да се нервирам.
Јас знам дека оваа моја потреба не е синоним за слабост, туку претставува храброст на некој кој цени мала поддршка кога тоа му е потребно. Убаво рекле “Она што нема да те убие ќе те направи посилен” и тоа е вистина, од проста причина: Човек за да постигне вистинска количина на сила во срцето и поголема храброст, потребно е да падне и да ја почувствува горчливата болка. Се на крајот добро ќе заврши, ако не е добро тоа значи дека се уште не дошол крајот.
Во овој свет каде секој секому му врти грб, на сите нас ни е потребен еден човек кој ќе биде наша утеха и наше прибежиште од реалноста.