Што вкусно да ручате денес? Брза и лесна подготовка!
Додадете полнети тортиљи во вашето мени. Ви нудиме брз рецепт за подготовка. А можете да ги полните на најразлични начини и по ваш вкус. Ние ви одбравме супер необичен а вкусен рецепт.
Потребни состојки: 200гр брашно, 75гр маргарин, вода по потреба, сол, 1 лажица шеќер, 1 квасец. За филот: 100гр буковка, 100гр растителен кашкавал, 100гр црвена зелка, лук, сол и црн пипер.
Во подлабог сад го ставаме брашното и додаваме сол, црн пипер и млака вода, па со лажица ги мешаме состојките. Потоа го додаваме маргаринот и пак мешаме и со рака замесуваме тесто. Додаваме од брашното и тестото го ставаме на работната маса и убаво го месиме додека не се стврдне. Откако добро ќе го измесиме, го оставеме 20мин да стаса на собна температура. Во меѓувреме го подготвуваме филот. Во тава ставаме да се загрее маслото, па буковките ги сечеме на ленти и ги ставаме во тавата да се пржат. Се разбира, промешуваме, а потоа ситно ја сечкаме зелката, а истото треба да го направиме и со лукот. Во меѓувреме буковката што се пржи ја зачинуваме со сол и црн пипер и промешуваме, а потоа кај неа го додаваме лукот да се запржи. Мешаме, па ја додаваме и исечканата црвена зелка. Смесата треба да се соедини и да се изедначат состојките. Откако филот од буковките и зелката добро ќе се испржи, ја тргаме тавата од оганот. Стасаното тесто го делиме на половина, па на работната маса поросуваме брашно и го размесуваме, приготвувајќи ја кората за тортиљата. Тогаш во тава на оган ставаме парче путер да се растопи, па ја ставаме кората да се запржи како палачинка, ја вртиме од двете страни. Потоа од испржениот фил ставаме врз пржената тортиља, а над зелката ставаме ренадан кашкавал и ја вртиме како палачинка. Вака подготвените две тортиљи ги ставаме во подмачкано плехче и над нив ставаме исечкан лик и изрендан кашкавал. Во заграна ренрна на 220 степени да се потпечат 2-3 минути е доволно. Кога ќе ги сервирате можете да ги декорирате попрскувајки ги со свеж сечкан магдонос.