Убави вести

Покана за учество на трибина „Промоција на мултиетничко претприемништво – И јас сум претприемач“

Фондација Претприемачки сервис за млади во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија, ги поканува сите млади претприемачи и млади луѓе кои сакаат да започнат свој бизнис, да земат учество на претстојната трибина „Промоција на мултиетничко претприемништво – И јас сум претприемач“.

15-ти септември 2017 година (петок), од 12:00 до 14:00 часот, Хотел Парк, Скопје, по што ќе следи коктел за вмрежување.

Предност за учество ќе им се даде на кандидатите на возраст од 18 до 40 години.

Покана да учествуваат сите припадници на различни немнозински етнички заедници од територијата на град Скопје.

Официјален јазик на настанот е македонски, со можност за обезбедување превод.

Ова е прв од серијата шест настани за размена на идеи и предлози, дискусија и вмрежување, како дел од кампањата „И јас сум претприемач“ во рамки на проектот. Бројот на учесници е ограничен на 30.

Агенда:
11:30–12:00 – Регистрација на учесници
12:00–12:30 – Презентација на мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво и добри пракси од граѓанскиот сектор за подобрување на мултиетничкото претприемништво
12:30–12:45 – Кратка презентација на активни мерки за самовработување и видови на поддршка (Агенција за вработување на Р. Македонија)
12.45–13.00 – Кратка презентација на добри пракси за лобирање, вмрежување и соработка на припадници на немнозинските етнички заедници (Агенција за остварување на правата на заедниците)
13:00–14:00 – Дискусија и размена на добри пракси, идеи, предлог-мерки, акции и идни чекори за стимулирање на мултиетничката соработка и младинското претприемништво
14:00–15:00 – Kетеринг и вмрежување

Зошто да учествуваш?

  • Запознавање, дискусија и вмрежување помеѓу млади претприемачи, млади луѓе што сакаат да започнат свој бизнис и претставници на релевантни институции за поддршка;
  • Унапредување на сознанијата за предлог-мерки и добри пракси наменети за раст, развој и напредок на бизнисот;
  • Размена на идеи и предлози за зголемување на ефикасноста на мерките и иницијативите за бизнис поддршка и мултиетничка соработка;
  • Фокус на перспективата и потребите на корисниците – постоечки и идни претприемачи;
  • Забава надополнета со коктел за вмрежување.

Заинтересираните кандидати треба задолжително да пополнат пријава најдоцна до 12-ти септември 2017 (вторник).

Организаторот ќе направи потесен избор на кандидати согласно пополнетите пријави и мотивацијата за учество и ќе ги извести селектираните кандидати.

Повеќе информации за учеството на трибината и за информации поврзани со проектот можете да добиете на 02 3103-660 или на olivera.aritonoska@yes.org.mk.

Проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи”, финансиран од Европската унија, го имплементираат Фондација Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум.

Поврзани статии

Back to top button